Мас: Германија ќе помогне за старт на преговори!

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас смета дека с’е уште има шанси да биде одобрен почеток на преговори за Македонија со ЕУ до крајот на германскотоо претседателство кое истекува на крајот на декември.

„Водиме интензивни разговори за да ја одржиме првата пристапна конференција уште оваа година за време на германското претседателство“, рече Мас за време на доделувањето на наградата од Фондацијата „Фридрих Еберт“ на македонскиот премиер Зоран Заев.

Мас, воопшто не ја спомена утрешната средба на министрите на ЕУ како можен епилог од спорот. 
„Клучно е во наредните денови да се најде решение, а Германија е подготвена да помогне на тој пат“, рече Мас. (Дојче веле)