Мартенс: Што и да сторат Македонија и З. Балкан перспективата за влез во ЕУ е мртва

Најавувајќи го интервјуто со косовскиот премиер Албан Курти авторот кој важи за еден од најдобрите познавачи на Источна Европа и проширувањето на ЕУ открива дека можноста за влез на шесте земји од Западниот Балкан Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, е мртва.

Долгогодишниот дописник и аналитичар на водечкиот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) Михаел Мартенс кој има пристап до официјален Берлин и Брисел вели дека штонинда сторат земјите од Западен Балкан нивната ЕУ перспектива е мртва.

Тој индиректно им порачува на Македонците дека дури и со промена на уставот за влез на Бугарите и другите мали заедници Македонија долгорочно ќе биде заглавена на патот до членство во ЕУ.

Оваа информација Мартенс ја дава посредно преку прашање до Курти во ФАЦ.

,,Го прашав господинот Курти каков поттик има господин Вучиќ да работи на тоа Србија да го признае Косово, имајќи предвид дека перспективата за членство во ЕУ за Србија (и другите 5 држави од Западен Балкан) е мртва, без разлика што прават и како реформираат”, пишува Мартенс кој важи за кредибилен хроничар на европската интеграција на Западен Балкан.

Оценката на Мартенс дека перспективите за влез на Македонија и другите земји од регионот во ЕУ се мртви, а кои лесно можат да бидат проверени во Брисел, Берлин и Париз драматично ќе ја влошат позицијата на владата на СДСМ и ДУИ кои инсистираат на промена на уставот со цел да ги отворат преговорите за членство.

На Мартенс му е јасно дека ако перспективите за ЕУ се мртви нема логика Македонија да го отвара уставот за каде партиите на Албанците имаат свои посебни барања.

Во интервјуто со Курти Мартенс открива дека косовскиот претседател се согласил на компромис во „кризата со регистарски таблички“ откако бил предупреден од американскиот амбасадор во Приштина дека ситуацијата на северот на Косово „може сериозно и неповратно да се влоши“.