Мартин Гоџоски од охридската населба Варош беше најуспешен и меѓу неколкуте стотини верници успеа да го извади крстот од осветените води на Охридското Езеро.
„Речиси десет години наназад скокам во езерото за да го фатам крстот. Голема желба ми беше да го фатам, еве тоа се исполна. Чувството е прекрасно, мислам дека тоа ќе ми донесе многу среќа и благососотојба во фамилијата. За да стигнеш до Чесниот крст мора да постиш, да си внесен во верата и да ги почитуваш правилата на Црквата“, рече 25-годишниот Гоџоски.
Традиционално манифестацијата по повод православниот празник Богојавление – Водици во Охрид ја следеа илјадници верници и гости како од градот, така и од околните градови, но и пошироко.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на среќниот фаќач и на сите православни верници им го честиташе празникот Богојавление – Водици.
Извор: Сител