Мартенс: Македонија троши двојно струја отколку што произведува

Македонија влегува во енергетска криза. Земјата во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува и црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби. 

Ова во својата изјава до медиумите го кажува Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Според него, државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа.