“Марсовец” има прашања до Заев за инвестицискиот бум

Популарниот профил @MartianFromMKD (Марсовец) има многу логични и реални прашања во врска со инвестицискиот бум од 5 милијарди € на премиерот.

Прашањата се упатени до пропагандниот тим на Заев и Владата. Од таму засега немаат одговор на прашањата:

Дали парите веќе се обезбедени?

Дали ги има во годишниот план за јавни набавки?

Дали се започнати постапки за јавни набавки?

Доколку ги има,каде може да се види на што ќе се троши, и кои се роковите за секоја точка поединечно?