Демонстранти против излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ (Брегзит) го нарекоа овој потег „голема грешка“ и отпочнаа кампања за повторно приклучување кон Европската Унија, јавува Гардијан.
Голема толпа про-ЕУ демонстранти вчера се собрааво центарот на Лондон на Националниот марш за реинтеграција (NRM).
Стотици луѓе облечени во сина облека и со знамиња на ЕУ излегоа на маршот низ улиците на градот, кој се очекуваше да кулминира со митинг на плоштадот на Парламентот.
Демонстрантите носеа плакати на кои пишуваше „Патот кон членството во ЕУ започнува овде“ и „Приклучи се, радувај се“.
Движењето го поддржува враќањето во членството во ЕУ, кое Британија го напушти откако гласаше за Брегзит на референдумот во 2016 година.
Повлекување од ЕУ беше договорено за време на премиерската функција на Борис Џонсон и стапи на сила во 2021 година, соможност за ревизија во 2025 година.
Питер Кор, лидер и ко-основач на Националниот марш за реинтеграција (NRM), вели дека одлучил да го организира маршот затоа што „чувствувал дека сите се откажале“ од каузата.
„Брегзит беше огромна грешка, сите ние – особено работничката класа и посиромашните луѓе – плаќаме за тоа и треба да направиме нешто околу тоа“, рече тој.