Марковски: Пред вакцина, обавезно тестирање (ВИДЕО)

Во гостување на „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, инфектологот Вело Марковски предупреди дека пред вакцинирање против ковид-19 ќе мора да се прават серолошки тестови за да се види дали има присуство на антитела и ја повика владата да обезбеди бесплатни тестови.

„Ако лицето има прележано ковид-19, не треба да се вакцинира, бидејќи може да има несакани ефекти“, вели Марковски .

„Многу е важно државата да набави бесплатни тестови, серолошки тестови, и тие луѓе што прележале не треба да примат вакцина. Имаме нови вакцини кај кои системот на создавање на антитела е малку покомплициран, односно презентација на антигенот на површината на клетката.

Во случај кога би имале многу антитела, би дошло до бурна реакција и веројатно би се активирал целиот имунолошки систем и голем број од овие сопствени клетки кои би презентирале вакви антигени на својата површина би биле уништени. Поради тоа, оние што имаат високо ниво на антитела би можеле да имаат сериозни проблеми по здравјето и затоа мојот став е дека мора претходно да се тестира“, вели Марковски.

Според Марковски најдобри би биле вакцините направени на класичен начин, како кинеската вакцина.  

„Класичните вакцини, кои не се стари методи на добивање вакцини, но се со растење на вирусот на култури на клетки или на пилешки ембриони и потоа двоење на тој ‘шилец’ од вирусот, тој систем јас би го препорачал. Класичните вакцини го вадат само површинскиот антиген и тој е способен да создава антитела и со одредена техника се внесува таа вакцина и тие антигени имунолошкиот систем ги препознава и создава антитела и тие траат различно долго. Од вакцините ќе видиме колку ќе трае имунитетот. Тој е тој класичен систем кој досега ни е познат, не создава забуни. Тие вакцини за мене се во ред“ ,вели Марковски, но потенцира дека во секоја случај мора да се провери присуството на антитела.

За новите вакцини Марковски вели дека нивната предност е во тоа што може да се произведат во огромни количини.

Овие вакцини се нови и мислам дека треба да се почека да се довршат студиите да се видат резултатите. Класичниот тип мислам дека веќе стигна. Предноста на новите вакцини, пак, е дека може да се произведат голем број количини“, вели Марковски.

Тој исто така изнесе мислење дека сериозна држава не смее да користи вакцини од помош и донации…


Извор 360 степени