Маркетите не ги намалиле доволно цените, но на 16 март ќе мораат, дали ќе се случи тоа?!

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, како одговор на новинарско прашање, денеска на заедничка прес-конференција со в.д.германскиот амбасадор Ото Граф, рече дека неговите анализи не покажуваат намалување на цените во маркетите на тестенините и млечните производи пред поставениот рок.

– Многу е мало намалувањето, но реакциите се позитивни. На 16 март сите ќе имаат намалени цени според дефинираните мерки. Има намалување за денар, два, три можеби, но го нема засега потребното од 10 денари. Секако, на 16-ти тоа ќе мора да се направи ако гледаме дека нема волја од другата страна, изјави Битиќи.

Според минатонеделните мерки кои ги донесе Владата, треба да се намалт цените за 15 отсто на тестенините и 10 отсто на млекото и млечните производи од 16 март во однос на цените што биле на 1 март.

Битиќи дополнително рече дека треба да се намалат и цените на јајцата, брашното и оризот, но за тоа ќе му се остави одреден период на слободниот пазар сам да ги поевтини овие производи.