„Марка“: Две децении на митот „Пандев“

Шпанскиот весник „Марка“ во денешниот број му посвети напис на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, не штедејќи комплименти за еден од највозрасните учесниците на претстојното Европско првенство.

„Горан Пандев се подготвува за Европското првенство како да е последниот спортски настан во неговиот живот. И можеби е така. Неговиот сегашен договор со Џенова заврши – за тимот одигра вкупно шест сезони – и го остави прашањето за својата иднина отворено во очекување на учеството на континенталниот турнир.

„Сите ми велат: ‘Гоги, не се шегувај, мора да играш уште една година’.

Македонскиот капитен не сака да размислува надвор од фокусот со националниот тим и таа историска групна фаза што ќе започне в недела.

На 12 ноември тој постигна гол против Грузија што првпат ја одведе Македонија во завршната фаза на европскиот шампионат. Тој веќе е третиран како ѕвезда во својата земја поради неговата долга кариера во Италија, каде што ги има освоено сите можни титули. Тој го носеше дресот на својата земја повеќе од 100 пати и постигна повеќе од 30 голови.

Сепак, бројката што го прави особено возбуден беше таа што ги одбележа неговите 20 години во служба на Македонија. Минатата недела, една недела откако дебитираше во Европа со својот тим, Пандев наполни 20 години од неговото официјално деби. Тој имаше 17 години и одеше кон италијанската Серија Ц. Денес има 37 и надмина 100 гола во Серија А. Половина од неговиот живот блескаше во италијанскиот фудбал – освен непродуктивната година во Галатасарај – и уште половина во услуга на неговиот тим.

Холандскиот голман Мартен Стекеленбург ќе биде најстариот играч на ЕП. Единствен од генерацијата 1982. Од 83-те, онаа на Пандев, тука се и Пепе (постар од „десетката“ на Македонија) и Жирков (нешто помалку). Затоа, македонскиот напаѓач ќе биде една од референците на таа генерација која веројатно нема да види друга голем настан, иако Светското првенство е зад аголот и сè е можно. Тие мора да траат уште година и половина.

‘Однадвор можете да видите дека сум физички добро, но ми требаат три дена за да се подготвам за натпрева’, изјави неодамна Пандев. Токму растојанието за одмор помеѓу два натпревара од групната фаза. Македонија стартува в недела против Австрија, а в четврток ќе се соочи со Украина. Малку време за закрепнување на еден фудбалски војник. Мурињо, со кого ја освои Лигата на шампионите во 2010 година како стартер, секогаш го штител. „Интелигентен“ напаѓач, кој не е голем стрелец, но кој „му помага на тимот да биде подобар“.

Македонија ја фрли на колена Германија пред неколку месеци. Таа не сака да биде Пепелашка. И го има митот за Пандев“, пишува најтиражниот дневен спортски лист во Шпанија за најдобриот македонски фудбалер.