Марк Цукенберг, трет најбогат човек на светот

Основачот на Фејсбук, го зголеми своето богатство и веќе е на третиот најбогат човек на Земјата покажува „Индексот на милијардердите“ на Bloomberg.

До неодамна оваа позиција заземаше инвеститорот Ворен Бафет, но откако акциите на Фејсбук поскапеа за 2,4 , Цукерберг го зазема неговото место со богатство тешко 81,6 милијарди долари.

На прво место останува извршниот директор на „Амазон“ Џеф Безос со 142 милијарди. Интересен е податокот дека Безос на секои 46 секунди заработува една просечна американска плата.

На второ место е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, со 94,2 милијарди долари.