Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, вели дека повеќето граѓани во Македонија се за Европската Унија, но дека во дел од јавноста има неоснован страв дека членството ќе донесе и забрани…

„Јас мислам дека сепак, повеќето граѓани се за Европската Унија и дека ќе најдеме сила да ги надминеме овие проблеми, кои што ги имало и во други држави, не само кај нас, реќче Маричиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Имало и предрасуди дека нема да можеме да печеме ракија, дека нема да можеме да правиме ајвар…Сето тоа се предрасуди и пропаганда кои што треба да ги надминеме.

Денеска и во Словенија и во Хрватска сите овие активности се дозволени, па живеат многу понапредно и позадоволно од она што било пред 10-15 години, да речеме пред да влезат во ЕУ“ искоментира вицепремиерот.