Маричиќ: Не може никој да го блокира одложувањето на пописот

Запрашан за тоа кога може да се очеува и официјално во Собранието да се одложи одржувањето на пописот со поднесување илјадници амандмани што го најавија Алтернатива/Алијанса, Министерот Бојан Маричиќ дециден:

„Измените ќе ги дадам на седницата на Влада која е закажана денеска, каде ќе предложам веднаш да бидат испратени во Собранието. Едната измена се однесува на датумот, а другата е за можноста иселениците да се самопопишуваат до последниот ден од теренското попишување на резидентното население во земјава. Очекувам измените да бидат испратени денеска, а да бидат усвоени од пратениците најдоцна до утре. Не се работи за суштински измени и мислам дека брзо ќе биде усвоени во Собранието.

Бидејќи Законот за попис беше примарно предложен со европско знаменце и измените ќе бидат поднесени со европско знаменце и во скратена постапка, со цел да се исполнат роковите договорени вчера меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, рече министерот.

„Со тоа се оневозможува поднесувањето на илјадници амандмани и не верувам дека ќе има било каков вид на блокади“ вели Маричиќ.