Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вели дека македонските власти силно работат ,,да ја смириме ситуацијата и да се вратиме на комуникација во конструктивна атмосфера, без непотребни провокации”.
Во интервју за Нова ТВ Маричиќ одговара на повеќе прашања меѓу кои и за забраната за влез на бугарски граѓани меѓу кои и двајца европратеници.
Неговиот одговор покажува дека во моментов ситуацијата меѓу двете земји воопшто не е пријателска и дека има провокации меѓу Скопје и Софија иако Македонија ги прифати сите бугарски барања кои влегоа во преговарачката рамка со ЕУ.
Маричиќ е убеден дека до крајот на годината Македонија ќе го смени уставот и ќе го отвори кластерот 1 од преговорите со ЕУ.
Предходно врвни експерти за ЕУ како Малинка Ристовска Јорданова го отфрли ова сценарио укажувајќи дека доколку уставот биде сменет има уште една фаза во која што бугарскиот парламент ќе треба да даде зелено светло за отворање на преговорите за влез во ЕУ.