Маричиќ категорично демантира дека се вакцинирал „преку ред“

„Целосна невистина и лажна вест е информацијата дека веќе сум се вакцинирал. Категорично демантирам дека јас или било кој член од моето семејство има примено вакцина“ реагира на фесбук министерот за правфда Бојан Маричиќ по денешните информации дека наводно тој и упште двајца од актуелниот владинс состав се кацинирале. Веста беше објавена на албански портал и пренесена од домашни медиуми.

„Дополнителна потврда дека се работи за целосна измислица е фактот дека информацијата ја сподели Антонио Милошоски, кој во македонското општество е познат како генератор и ревносен ширач на лажни вести, човекот кој е ретко успешен колекционер на деманти – вели Маричиќ и додава: „Не би ме изненадило Милошоски и да е „бриферот“ дека наводно јас и членови на Владата сме се вакцинирале преку ред.

Ваквите удари секако нема да ме поколебаат од намерата правдата целосно да завладее во нашата земја, а сите оние кои го прекршиле законот да одговараат.

Комплетно е јасно дека целта на ваквите дезинформации е само да ми се наруши честа и угледот“, напиша Маричиќ на Фејсбук.