Ова од прес-центарот на македонската Влада денеска го изјави американскиот сенатор Крис Марфи, кој нагласи дека земјава не смее да ја пропушти понудената можност за приклучување кон Унијата.
Изјавата на сенаторот никако не смее да се доведе во вртска со прошуените „Марфиеви закони“ според кои “ Се што има и најмала врска да тргне наопаку – тоа ќе се случи.
„Знам, навистина знам дека беше долг патот кон ЕУ. Знам и дека многумина го поставуваат прашањето дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум да ви кажам дека е. Многу луѓе го кажуваа истото и за НАТО – дека С Македонија никогаш нема да добие покана од НАТО. Но, вие ги преземавте потребните тешки чекори за да ја овозможите таа покана – потпишавте историски договор којшто ја овозможи таа покана. Денес С Македонија е членка на НАТО-алијансата. А, сега има слични чекори кои треба да бидат преземени со цел да се приклучите кон ЕУ“, изјави сенаторот Марфи за време на прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски.
Ако С. Македонија, сепак, одлучи да тргне по другиот пат и да се одлучи против уставните измени, тогаш, рече Марфи, тоа ќе биде многу загрижувачки чекор за членките на НАТО.
„Ние сме пријатели и никогаш нема да престанеме да бидеме пријатели и партнери, но лидерите во САД ги набљудуваат изборите што ќе бидат направени тука во следните неколку месеци и сите се надеваат дека вашата одлука ќе биде усогласена со нашите безбедносни мерки преку НАТО и ќе биде усогласена со слична одлука да се остане на патот кон ЕУ“, додаде Марфи.
