Марешки не се откажува: Со браќата од Македонија да создадеме Голема Бугарија!

Веселин Марешки, копретседател на крајно десничарската Патриотска коалиција „Волја“ – НФСБ за претстојните избори кај источниот сосед, сонува за Голема Бугарија, која ќе ги прегрне „браќата“ од Македонија.

„Треба да се движиме кон обединување со нашите собраќа од Северна Македонија и да станеме Голема Бугарија. Едно време и за Германија звучеше екстравагантно дека ќе падне ѕидот и ќе се обединат ДРГ и СРГ, но тоа се случи и сега е голема држава. Треба да им се отворат архивите и на луѓето кои сакаат да се нарекуваат Македонци, да им се покаже како е создадена таа нација низ годините на минатиот век“, изјави на бугарската Нова телевизија лидерот на „Волја“ и носител на листата во Варна.

Марешки, кој е заменик-претседател на Народното собрание на Бугарија, неодамна предложи во посакуваната од него големобугарска држава во почетокот Бојко Борисов да биде премиер, а Зоран Заев вицепремиер, за подоцна да стане и претседател на Владата!