МАНУ се буди, го враќа атрибутот Македонска (НАЈАВА)

Телевизија Алфа пред малку најави дека вечерва во емисијата “Заспиј ако можеш” со наслов “МАНУ се буди, го враќа атрибутот Македонска” ќе биде емитуван материјал кој укажува на драматични промени во работата на највисоката македонска научна институција во однос на актуелните национални прашања.

Во вечерашното издание “Заспиј ако можеш” пренесува обраќања од вчерашниот настан во МАНУ со кои целосно се негираат бугарските тези за Македонците и македонскиот јазик како вештачка творба која настанала по АСНОМ.

Во емисијата ќе ги слушнеме ставовите на:

Академик Љупчо Коцарев
Претседател на МАНУ,
Катица Ќулавкова
Академик
Проф. др. Билјана Ристовска – Јосифовска, инаку ќерка на покојниот академик Блаже Ристовски
Институт за национална историја
Проф. др. Ганка Цветанова Кедева
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Проф. др. Драги Ѓорѓиев
Дописен член на МАНУ и претседателот на македонскиот тим од Комисијата за историја и образование со Бугарија:

Алфа ТВ најавува и дел од поентите од обраќањата на настанот на МАНУ:

Македонија од 1941 до 1944 е окупирана
од нацистички фашистички окупатор

Хашкиот правилник не остава дилеми кој ја поробил Македонија

Современата македонска држава е помлада од македонскиот народ

МАНУ е родена со Македонско научно литературно другарство – Петроград во 1902

Дел од националните интереси загубени со компромиси во потрага по античките корени и европската иднина

Пропагандната и психолошката инвазија врз Македонецот никогаш не запрела

Крсте Мисирков еден век пред современата науката ја детерминира националната посебност

Меморандумот на Македонско научно литературно другарство – Петроград во 1902 (МНЛД) од 12 ноември 1902 година како да е пишуван денеска

За бугарската држава важно е да се присвои македонскиот јазик и култура, нација и територија

Македонското научно и литературно другарство Петроград 1902 е основа на МАНУ

Да се отфрлат сите барања и отстапки кои се на штета на македонската култура

Емисијата “Заспиј ако можеш” почнува во 22:30-часот со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ на Алфа ТВ.