МАНУ: Пикот на епидемијата во мај со 1.100 заразени!?

Максималниот број на инфицирани од коронавирус во земјава се очекува да се случи во почеток на мај со околу 1.100 заразени.

Ова е резултатот од примената на еден епидемиолошки модел од научниот тим МАНУ во обид да помогнат во предвидувањето можни сценарија за текот на заразата во нашата земја.


Проекцијата е дел од текстот на проф. д-р Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, објавен од Fakulteti.mk, и таа е пооптимистичка во споредба со предвидувањата на здравствените власти дека врвот на епидемијата ќе се случи кон крајот на април со околу 2 000 заразени.

Претседателот на МАНУ појаснува дека во изминатиот месец, заедно со м-р Петар Јовановски, изучувале модел преку кој ја добиле речиси истата слика со која сега се соочуваме во реалноста – бројот на заболени лица со коронавирус, бројот на смртни случаи и слично, пренесе Инфомакс.