Премиерот Заев кој со лидерот на опозицијата Мицкоски вчера учествуваше во емисијата Само вистина на Канал 5 кажа три лаги во само 10 секунди.
Тимот на expres.mk веќе укажа на една од лагите а во овој текст се осврнуваме на втората неточност искажана од премиерот Заев која беше употребени за да се поткрепат неговите политички тези.
Зборувајќи за процесот за избор на Северна како решени Заев рече дека Северна било присутно секаде низ светот и дека земји со такво име имало и на американскиот континент.
Дека на американскиот континент нема таква земја укажавме на предходниот текст на оваа тема.
Во овој текст за лагата на Заев дека има многу други земји кои се викаат Северна демантот доаѓа од единствената светска релевантна институција Обединетите Нации според која освен нашата земја ниту една друга на светов не се именува како Северна.
ВО официјалниот регистар на членки на ОН освен Македонија која се именува како North Macedonia нема ниту една друга со вакво име.
Дури ни Северна Кореја во Обединетите нации не е Северна туку Демократска Народна Република Кореја.
Фамозната изјава на Заев е по 53 минута