Манфред Вебер го брани Ковачев – ги осуди македонските власти

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, застана во одбрана на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„Без преседан е и неприфатливо е што на Андреј Ковачев не му беше дозволен влез во Република * Македонија на 6 мај“, напиша Вебер на својот Твитер профил.

Вебер категорично ги осудува постапките на РСМ и ја повика владата итно да ја расчисти ситуацијата, јавуваат бугарски медиуми.

Лидерот на ЕПП се закани дека ќе го покрене ова прашање на пленарна седница на Европскиот парламент попладнево.

На 6 мај, властите на РСМ одбија да го пуштат европратеникот Андреј Ковачев и уште неколку бугарски државјани во земјата.

Македонското МНР по реакцијата на бугарското министерство за надворешни соопшти дека бугарските државјани не биле примени бидејќи не ги исполнувале условите согласно Законот за странци на Македонија.