„Ако сакаме да зборуваме за просперитетна и функционална економија, ајде да зборуваме малку за непотизмот и корупцијата, не само затоа што се тие морално погрешни туку и затоа што многу ја чинат секоја економија, посебно оние сиромашните“.

Со ваква снимена видео порака од Њујорк, им се обрати режисерот Милчо Манчевски на учесниците на меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, која деновиве се одржуваше во Скопје.

Сите мои филмови добија помалку пари од македонската влада отколку синовите на македонски режисери, на шефови на полицијата, на поранешни портпароли на владата… вели светки признатиот македонски режисер.

„Трипати заминував од Македонија и трипати се враќав, донесов знаење, финансии и желба да помогнам. Но, многумина заминуваат не само поради желбата за повисока заработувачка туку и поради подобри услови за живот, за почист воздух и ефикасно судство, на места каде не мораш да бидеш нечиј син или ќерка за да имаш работа и пристоен живот“ вели Манчевски во видео обраќањето.