Режисерот Милчо Манчевски тврди дека во случајот со кривичната пријава од Агенцијата за филм кон него тој е жртва на одмазда и обид да биде замолчен затоа што укажал на корупција но и дека е мета на политички прогон.
Славниот режисер на својот Фејсбук профил пренесува ,,Анализа на хајката против Манчевски”, објавена во неделникот Фокус.
„Сегашната хајка во нивните медиуми е одмазда со класичен прогон на укажувач на корупција заради замолчување – што е кршење на закон. Тој прогон има и делумна политичка поддршка, што е уште поголемо кршење на закон. Ако ваков прогон и плукање е цената на тоа да се работи во Македонија, тогаш нека биде така. И покрај сè – искрено сакам да верувам дека институциите можат да му служат на граѓанинот во Македонија. Алтернативата е хаос и апатија”, вели Манчевски во анализата за печатеното издание на Фокус.