Се повеќе
Виетнамци стравуваат дека нивните роднини се меѓу 39-те лица што беа пронајдени
во камионот ладилник откриен во Есекс, Велика Британија.
Британската полиција најпрво соопшти дека се работи за Кинези, но подоцна се
покажа дека најмалку шест од трагично загинатите се Виетнамци.
Мигрантите кои починаа во ладилникот на температура од -25 степени, оставиле
„крвави отпечатоци“ од внатрешноста на вратите и на ѕидовите што наведува на
заклучок дека до последен момент жртвите очајно се бореле да се ослободат од
фрижидерот и да повикаат помош.
Семејство од
Виетнам соопшти дека нивната ќерка им испратила порака во која вели дека се
задушува и умира. Фам Тра Меј (26) во вторникот вечер испратила порака до
нејзината мајка по што веќе не се слушнале.
Несреќните родители на Фам Ти Тра Ми признале дека платиле 30 000 фунти 26
годишната ќерка да биде прошверцувана во Британија.