Малта неделава ќе ја легализира марихуаната

Малта ќе стане првата европска земја која ќе го легализира одгледувањето и поседувањето канабис за лична употреба.

Поседувањето до 7 грама марихуана ќе биде легално за лица над 18 години, а ќе биде дозволено одгледување до четири растенија.

По гласањето во парламентот на Малта, кое ќе се одржи утре, законот ќе биде потпишан од претседателот за да може да биде изгласан до викенд.

По овој потег на Малта, најмалата земја членка на Европската унија, во 2022 година најверојатно ќе се случат реформи низ цела Европа. П

Германија неодамна најави регулирање на пазарот на канабис, а слично најавија и владите на Швајцарија, Луксембург и Холандија.