Малта одново преслушана, Македонија се врати во игра за ЕП

Со победата и во реваншот во Малта од 2:0, фудбалската репрезентација на Македонија се врати во игра за пласман на Европското првенство 2014 во Германија.

Италија, која славеше во Милано со 2:1 над Украина, плус Македонија, е триото што го дели второто место во групата со по 7 бода пред октомвриското продолжение на квалификациите, во кое „црвено-жолтите“ на неутрален терен во Полска ќе бараат одмазда за поразот од Украинците во Скопје.


Елиф Елмас го отвори резултатот само по пет минути игра на додавање на Енис Барди, кој асистираше и за вториот гол во 41. минута на Јован Манев, негов првенец во вториот настап во националниот дрес.

Езгјан Алиоски во 68. минута за малку не ја зголеми предноста, но неговиот удар голманот на Малта го проследи во десниот дирек.

Уште една шанса имаше Бојан Миовски во 82. минута, но противничкиот голман повторно го спаси голот на својата селекција.