Малта нема да прима невакцинирани туристи, ЕК реагира

Европската комисија сака да ја убеди Малта да се откаже од одлуката за затворање на границите за невакцинираните туристи, изјави денеска европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

Минатата недела, министерот за здравство на Малта, Крис Ферн, објави дека земјата ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители и дека повеќе нема да го признава ПЦР тестот.

Според Европската комисијатоа е спротивно на правилата.

Министерот Ферн, во петокот објави дека Малта ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители во земјата од среда, како и дека негативниот тест нема да биде доволен за преминување на границата. Со воведување на овие мерки, Малта сака да запрат нов бран на коронавирусна инфекција.

Рејндерс потсети дека Европската унија воведе ковид на потврди, кои сите земји-членки треба да ги прифатат.

На Малта, вакцинирани се 79% од возрасната популација.