Малта ќе им нуди на странските туристи по 200 евра од човек за да останат минимум три дена летово на медитеранскиот остров.

Министерот за туризам Клејтон Бартоло изјави дека се очекува рестрикциите протов ковид-19 да бидат олеснети до 1 јуни, и туристите ќе ги добијат парите откако ќе ги резервираат летните одмори директно преку локалните хотели.

Во 2019 земјата ја посетиле повеќе од 2.7 милиони туристи, но лани бројките паднаа за над 80 отсто.

Малта има една од највисоките стапки на вакцинација против ковид-19 во ЕУ, со вакцинирани 42 отсто од возрасното население. СДК.мк