Од вчера премиерот Заев со помош на неговиот пропаганден тим стана и “влевател”.
Специјално за него овој збор кој не постои во македонскиот јазик, а кој владата наводно го брани, го промовираше неговиот советник за односи со јавност Марјан Забрчанец.
“Германскиот министер за надворешни работи @HeikoMaas до @Zoran_Zaev: Драг Зоран ти си влевател на надеж за многу нерешени конфликти на овој свет, чест ми е да ја врачам наградата на еден реформатор, далекуглед политичар и пред се Европеец!”, напиша Забрчанец на Твитер.
Освен употреба на збор што не постои во нашиот јазик Забрчанец направи уште две грешки.
Во првата напиша дека германскиот министер на Заев му рекол дека му е драг иако тој збор го нема во Твитот на Мас.
Во втората Забрчанец намерно го избегнува зборот северномакедонец (nordmazedonisch) како што на германски му се обраќа Хајко Мас на Заев.
Der nordmazedonische Premierminister @Zoran_Zaev hat mit dem Prespa-Abkommen einen wichtigen Schritt vollbracht. Er wurde zum Hoffnungsträger, zum Vorbild in vielen ungelösten Konflikten weltweit. Es war mir eine Ehre, ihm den Menschenrechtspreis der @FESonline zu übergeben. pic.twitter.com/uW2xQAUgvt
— Heiko Maas 🇪🇺 (@HeikoMaas) November 16, 2020
Речиси сите провладини медиуми некритички го презедоа и го објавија зборот употребен од советникот на премиерот кој не постои во македонскиот јазик.
А можеле едноставно да напишат: Човек што влева надеж.
Во Дигиталениот речник на македонскиот јазик не постои зборот влевател но постои зборот нечувствителен
На денот кога починаа 40 луѓе Заев има 25 (ре)твитови, без израз на сочувство