Професор Денко Малески, во вчерашната колумна во Плусинфо, насловена како „Крвта (на Заев) бргу се суши“ го обвини шефот на државата, Стево Пендаровски, дека и тој застанал во редот на оние, кои биле против сега веќе бившиот премиер Зоран Заев, во контекст на спорот со Бугарија и го вброии во редовите на македонските националисти!? !?
„…Изјавувајќи дека отсекогаш бил против брзање во решавањето на спорот со Бугарија, вчера и претседателот Пендаровски ги обесмисли храбрите обиди на досегашниот премиер да не заглавиме во ново „грчко сценарио““, пишува Малески.
Малески му беше советник за надворешна политика на претседателот Пендаровски се до моментот кога шефот на државата во едно интервју не изјави дека, парафразирано, Гоце Делчев бил Бугарин. По реакцијата во домашната јавност, Пендаровски го смени ставот, но го смени и Малески, потсетува „Вечер“.
Разочаран од промената на ставот на Пендаровски изнесен во новогодишното обраќање, Малески песимист дека без Заев воопшто ќе има напредок во односите со Бугарија:
„…За кого го правеше тоа Заев? За народот. Проблемот е во тоа што тој ист народ ќе те обеси на плоштад за таквиот бестрашен обид.
И така, со заминувањето на Заев, кругот се затвора. Нема веќе продори во надворешната политика, следува време на бесмислено копање ровови кои не значат ништо“, го завршува текстот проф.Малески.
