„Една сериозна држава треба да ги прави работите во интерес на граѓаните, а не во интерес на некои приватни компании. Мене ми се чини дека никогаш нема да ги видиме коридорите 8 и 10д, ама затоа ќе ги платиме пеналите како што е договорено колку што е познато во јавноста. Мислам дека носителите на овој договор треба да сносат одговорност откако ќе реформира правосудниот систем оти имаме сериозни индиции дека тука има нешто коруптивно“, рече универзитетскиот професор Самоил Малчески во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Како то објасни и според законите, овој тип на договор каков што е со Бехтел и Енка не спаѓа во редот на класифицирани.

„А, бидејќи тие ставиле некоја клаузула на класификација има сомнеж дека има нешто коруптивно“, се сѝомнева професорот.

Тој вели дек „Ние како народ плаќаме се и проектите и пеналите, нема Груби и Ковачевски да платат. Како тоа компанијата бара да е се објавува договорот? Па државата е таа што ја ангажира компанијата, а не обратно“…