Чии средства и логистика користат избраните и именувани фунционери во предвремената кампања за референдумот, дали наместо на работа, одат на кампањи или сметаат дека тоа им е работа, прашува професорот Самоил Малчески.
„Дали избраните и именуваните функционери трошат ресурси од институциите кои ги водат или трошат лични средства? Дали профили од социјални мрежи на институциите се користат за кампања на фарсата наречена референдум?“, прашува професорот Малчески, кој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, но и еден од најжестоките критичари на власта на поранешниот премиер Никола Груевски.
Малчески исто така го повикува и Јавното обвинителство „да се разбуди од зимскиот сон“ и да почне да си ја врши својата работа.