Во услови кога Фондот за здравство на располагање има над 700 милиони евра а владата над 5,3 милијарди евра малата Марија од Гевгелија продава крофни за да собере пари за лекувањето на болно девојче од нејзиниот град.

Инспирирано од гестот на малечката Нина Нинковиќ од Нови Сад која со продажба на крофни сакаше да собере пари за лекување на својот болен татко, малата Марија прави и продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова од Гевгелија.


Двете девојчиња од истиот град не се познаваат, но кога Марија дознала за 14-годишната Луна која треба да оди на операција во Турција и за нејзиното лекување се собираат донација, решила да помогне со продажба на крофните на штанд во Гевгелија.

Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција.

Таму вчера и денеска Марија вредно работи за помош на девојчето Луна на која и се потребни 65 илјади евра за операцијата во Турција.

Граѓани трогнати од иницијативата и хуманоста на Марија дојдоа на градскиот плоштад за да дадат своја донација за помош на девојчето кое мора да оди на лекување.

Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.

Видеото за хуманитарната акција можете да го видите на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=762510405652029&id=100006485298232&mibextid=Nif5oz