Долгогодишниот новинар Илија Максимовски прави анализа на денешниот потпис на државниот обвинителот Љубомир Јовески кој во Луксембург парафираше соработка со европската обвинителка Лаура Ковеси.

,,Државниот обвинител Јовески бесрамно и лично наивно, иако очигледно преплашен, со првата Јавна обвинителка на ЕУ , Лаура Кодрута Ковеси која е двојно помлада од него по возраст, по стаж, но, не и професионалност, потпиша Договор за соработка меѓу првото Јавно обвинителство на ЕУ и Јавното обвинителство на РС Македонија!

Договорот значи дека македонскиот јавен обвинителен систем, нема сака или не сака , туку, ќе мора да „ соработува „ со највисоката и најмоќна институција во Европа за гонење на криминал во рамките на ЕУ, но и надвор од заедницата !

Потпишувањето од страна на Јовески, иако во Луксембург можел да се појави друг државен функционер, покрај непромислената инстиктивна желба за фотографирање на важни официјални настани, преставува и државна и лична непромисленост, или да биде појасно , македонска национална капитулација и личен полтронско ирационален потег од непресметливи, но очигледни димензии!?

Договорот, македонски обвинителен систем – Јавно обвинителство на ЕУ, бидејќи Македонија не е членка на ЕУ, претставува капитулација пред два генерални факти сега потврдени и признаени од македонска страна а тоа се ; . . . Потврда дека во државава има на светско ниво меѓу највиските стапки на корупција и криминал но, и дека државава не е способна сама да функционира и да излезе на крај со криминалот, особено со организираниот!

Зошто инаку , борбата против криминалот не би се водела од македонска страна во рамки на нормалните односи со ЕУ и нејзините членки, па ни треба специјален Договор кој државава ја става во заслужена инфериорна, дури и потценувачка позиција !? Неоти досега земјите членки на ЕУ немаат работено и собрано докази за криминалот во државава, но,. . . !

За Јовески нема дилема дека и оваа протоколарна формалност, бидејќи тој сеуште е официјален Републички јавен обвинител, ќе се обиде да ја злоупотреби за да стаса до позицијата на уставен судија, ако веќе нешто не се пишманел !?

Овде е особено да се очекува бидејќи навиката и воспоставеното правило на македонските политички функцонери дека ако ги фатат во активен или поранешен криминал или кривично дело, политичката функција ќе ги штити , за Јавното обвинителство на ЕУ, особено за Лаура Кодрута Ковеси – нема да важи!

Така, Љубомир Јовески во периодот што следи , дали како државен обвинител, уставен судија или пензионер ќе мора да објасни многу работи !!!

На пример, како тој (Јовески ) воопшто стана „наследник„ на Катица Јанева , ако се знае дека СЈО беше формирано со посебен Закон , но и како обвинителите кои тој ги назначуваше да ги довршат предметите на поранешното СЈО пред надлежните судови си ја завршија работата под негова координација?

Зошто, посебно организираниот криминал со секоја година и со секоја парламентарна и владина гарнитура на власт доаѓа на се повисоки и поцврсти позиции, па се наметнува заклучокот дека криминалците владеат со државата, а многумина од нив се инсталирани во државниот врв до ниво на спроведување на политичко криминално – мафијашки терор врз граѓаните и државата во целост?

И на крајот, Дали Љубомир Јовески и поголемиот број обвинители сите овие години спроведувале државна стратегија против криминалот и корупцијата, се бореле против криминалот или , напротив, биле дел од криминалните организирани банди инволвирани во државните институции.

Самиот Јовески и не мора да демантира дека не „ соработувал „ со организираниот криминал , но, само нека каже педантно што превземал како Републички јавен обвинител во конкретни случаи за Македонија да не стаса до светскиот врв на криминализирани и корумпирани држави?

Нели, и „непостапувањето по службена должност и овластување „ е кривично дело кое го надминува „ обвинителскиот имунитет „ ,особено ако има докази за таквото не/постапување . А такви докази има!

Секако и Европското јавно обвинителство и обвинителката Лаура Кодрута Ковеси не брзала да го потпише Договорот со Македонија непромислено или со задршка заради некаков лажен авторитет на некоја личност која лажно се нашла на некоја висока државна функција а всушност била криминалец и најобичен крадец!

Кодрута – Ковеси е позната по својата „специјалност„ што пред суд а потоа зад решетки во законска постапка „ сместила „ повеќе илјади актуелни или поранешни министри, неколку премиери, пратеници, судии, обвинители, градоначалници и разни други високи државни функционери кои се огрешиле кон законите.

Сосема се подразбира дека тој принцип нема да биде прекршен кон Македонија, најмалку кон Љубомир Јовески и неговите „клановски соработници „ по криминал, особено после грешката кон СЈО и Катица Јанева , која од дипломатски меѓународен, најмногу европски и американски избор за специјален јавен обвинител кој во Македонија ќе ја води борбата против организираниот и тешките форми на криминал, се најде како специјален затвореник – во затворот Идризово?

Овие факти ги отвораат прашањеата на сите поединци и национални и дипломатски фактори кои ја подржаа „шарената револуција„ резултат на која беше и СЈО и кадровското катастрофално решение со Катица Јанева, како и судењата и пресудите „ по СЈО „ ?!

Освен ако „шарената револуција „ а потоа и „27 – априлскиот собраниски преврат „ во кој Љубомир Јовески и во добар дел, обвинители од македонското обвинителство кои и по смртта на Марко Зврлевски, исто така имаше неколку „камиказа „ судења и испади, не кријат уште тајни околу Македонија, главно во политичкиот и државниот врв а главно поврзани со проневера и исчезнување стотици милиони евра македонски и европски пари”, пишува Максимовски.