Максим Димитриевски-независен кандидат за градоначалник на куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово , Максим Димитриевски ќе настапи како независен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

Оваа информација Димитриевски, кој е од редовите на СДСМ, ја потврди за „Фокус“, а најави и прес конференција во текот на денот, на која ќе бидат образложени причините за одлуката.

СДСМ се уште не промовирал кандидат за градоначалник на Куманово.

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е актерот Тони Михајловски.