Макрон за проширувањето на Еу: Тешко ни е и со 27 членки

На францускиот претседател Емануел Макрон, не му е приоритет проширувањето на ЕУ откако вчера изјави дека на ЕУ и требале реформи, бидејќки на ЕУ и сега ѝ било проблем да управува со 27 нации.

Како што пренесува Политико, Макрон размислува ЕУ да „еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан и вели дека ризично е да се размислува за проширување без реформи.


„Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно“, рече тој на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.

Ова е уште една „контра“ од Макрон кој пред некоја година предложи нова методологија за пристапување кон Еу при што земјите кандидаткки ќе можат да бидат вратени на почетокотот доколку не исполнат некое од поглавјата.

Макрон, со ова им стави јасно до знаење на „оптимистите“ од ЕУ, како претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој вчера во Блед пред лидерите на земјите од западниот Балкан рече до 2030 година ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување.

На ова се налешпија и македонскиот премиер Ковачевски, вицепремиерот за евроинтеграции кои упорно токму 2030 ја земаат како датум за пристапување на земјава кон Унијата.