Франција изрази солидарност со Грција и Бугарија и е подготвена да понуди помош во заштитата на границите на ЕУ од пристигнувањето мигранти, veli францускиот лидер Макрон.
„Изразувајќи целосна солидарност со Грција и Бугарија, Франција е подготвена да придонесе во напорите на европските земји да им дадат оперативна помош и да ги заштитат своите граници. Треба да работиме заедно за да избегнеме хуманитарна и миграциска криза“, напиша Макрон на Твитер, пренесе БГНЕС.
Вчера, по состанокот на грчкиот Национален совет за безбедност, владиниот портпарол Стелиос Пецас пренесе дека ситуацијата со бегалците е „активна, сериозна, исклучителна и асиметрична закана за националната безбедност на земјата“.
Претходно, турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу за „Дејли Дејли Сабах“ изјави дека 100.000 мигранти ја преминале границата со Грција.
Грција ја обвини Анкара за ширење дезинформации во врска со бројот на мигрантите.