Макрон соочен со гласање за (не)доверба

Во Францускиот парламент ќе се гласа по барањата за недоверба поднесени откако неговата влада во четвртокот го заобиколи парламентот за да ја поттикне длабоко непопуларната пензиска реформа што предизвика неколкудневни немири, објави АФП.

Гласањето доаѓа по неколкунеделните протести против пензиските реформи, што предизвика три ноќи немири и демонстрации во Париз и низ целата земја, кои потсетуваа на протестите на „жолтите елеци“ кои избувнаа кон крајот на 2018 година поради високите цени на горивото.

Во изјавата објавена во неделата од неговата канцеларија за АФП, францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека „законот за пензиите може да го достигне крајот на своето демократско патување“.

Но, гласањето во понеделник може да го исфрли на површина гневот против владата на Макрон до израз, но веројатно нема да го собори претседателот.

Во петокот пратениците од опозицијата поднесоа два предлога за недоверба на парламентот.
Гласање побараа пратениците на коалицијата на радикалната левица – Нов еколошки и социјален народен сојуз (Нупес).

Екстремно десничарската партија Национален фронт исо исто барање, критикувајќи ја „нефер и непотребната реформа“.

Но, се чини дека е тешко да се достигне границата на апсолутно мнозинство за соборување на владата, освен ако не се формира ненадеен сојуз од пратениците од сите страни – од крајната левица до крајната десница.

Реформата на Макрон ја зголемува минималната возраст за пензионирање за две години на 64 години, што според владата е од суштинско значење за да се осигура дека системот нема да банкротира.