Во последните неколку дена, францускиот претседател Емануел Макрон доби дури две шлаканици од негови неистомисленици, па затоа претходно извесно време не се појавуваше во јавноста.

Последниот случај се случи во Дромо на југот на Франција каде Макрон беше во посета.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како Макрон излегува од службениот автомобил и трча кон оградата каде што се собрала малку поголема група луѓе.

Во моментот кога се обидел да се ракува со нив, млад човек со долга коса прв зад оградата му удрил шамар на францускиот претседател, што го снимиле и камерите.

Макрон беше тргнат од обезбедувањето, а полицајците го одвлекоа човекот настрана.

Францускиот претседател на 20 ноември беше цел на непозната жена која исто така му удри шлаканица на Макрон, по што беше повлечена настрана.

Во септември 2021 година, тој исто така беше цел на напад на незадоволен граѓанин, кој во Лион извика: „Да живее револуцијата“ и фрли со јајце кон францускиот претседател.