Францускиот претседател Емануел Макрон застана во одбрана на неуспешниот обид на Франција и Германија да одржат самит на Европската Унија и Русија, откако лидерите на земјите од Источна Европа ја соборија таа иницијатива.

„Немаше консензус за одржување брз самит. Според мене, тоа не е трагедија“, рече Макрон на прес-конференција во Брисел по самитот на лидерите на ЕУ.

Тој додаде дека не е опседнат со самитот на лидерите од 27-члениот блок.

„Да бидам искрен, не ми треба самит на ЕУ за да го видам Владимир Путин. Го видов неколку пати како претседател и ќе продолжам да го гледам“, рече Макрон.

„Најважно е да останеме обединети. Поделбите не слабеат “, рече тој.

Како што беше претходно најавено, Крељ жали што не е постигнат договор за одржување на самит Русија-ЕУ на состанокот на лидерите на ЕУ.

Од Кремљ потсетуваат дека рускиот претседател Владимир Путин се уште е заинтересиран за воспоставување работни односи меѓу Москва и Брисел.