Макрон: Македонија заслужува да започне преговори со ЕУ

„Вашата земја заслужува да започне преговори со ЕУ. Време е да ја конкретизираме одлуката што ја донесовме. Тука сум и да најдам решение со Бугарија “, изјави францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во Париз во заедничката изјава со македонскиот премиер Зоран Заев.

Францускиот претседател рече дека неговата земја придава големо значење на стабилноста на Западен Балкан и додаде дека Македонија придонесува за тоа со својот модел на соживот и по договорот од Преспа.

Заев, кој прв пат разговара со Макрон во Париз, напиша на Фејсбук дека ова е историски важна работна посета на Париз на покана од претседателот Макрон.

„За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на  Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да губи време“, напиша македонскиот премиер.