Макрон ја моли опозицијата заеднички да управуваат

Франција ризикува пролонгиранa политичкa криза , откако опозициските партии откако повикот на претседателот Емануел Макрон за „компромис“ наиде на „ладен прием“ кај опозициските партии.

Макрон ги повика француските политички сили од опозицијата да се стави крај на политичкиот ќор-сокак откако неговата партија изгуби мнозинство во парламентот, јави АФП.

Во неделата партијата на Макрон загуби 44 места од претходниот број пратеници.

Ситуацијата ги доведува под знак прашање плановите на Макрон за реформи за време на неговиот втор претседателски мандат, вклучително и клучното зголемување на старосната граница за пензионирање.

Губењето на мнозинството, исто така, може сериозно да му наштети на меѓународниот престиж на претседателот, пишува АФП.

По три дена молк по гласањето во недела, Макрон го прекина молкот и ја отфрли идејата за влада на национално единство во телевизиско обраќање до нацијата. Претседателот додаде дека француските политички сили мора „да научат да управуваат колективно“, барајќи „компромиси, дополнувања и измени на законите во целосна транспарентност и во име на националното единство“.

Макрон се состана со лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен, а левичарскиот опозициски лидер Жан-Лук Меланшон го испрати пратеникот Адриен Кватенен да го претставува во разговорите со Макрон во средата.

Претседателот ги повика опозициските партии во наредните денови „со целосна транспарентност да разјаснат до каде се подготвени да одат“ за поддршка на неопходните социјални мерки.

Парламентарниот ќорсокак не треба да доведе до „стагнација“, рече Макрон, туку до „дијалог и желба да се слушаат едни со други“.