Макрон е против исклучување на Унгарија од ЕУ

По пораката на холандскиот премиер Марк Руте до унгарскиот премиер Виктор Орбан, Унгарија да ги почитува правата на ЛГБТИ заедницата или да ја напушти ЕУ, реагираше францускиот претседател.

Емануел Макрон не поддржува исклучување на Унгарија од Европската унија, откако Будимпешта усвои закон со кој се ограничуваат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

„Тоа е езгистенцијално прашање за Европејците и голема дебата. Не поддржувам користење на членот 50 (исклучување од ЕУ)“, рече Макрон на прес-конференција.