Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува дека тројцата светски лидери Макрон, Џонсон и Трудо го озборуваат американскиот претседател Доналд Трамп кој е присутен на самитот на НАТО во Лондон.

“Затоа ли вие задоцнивте”? Го прашува насмеаниот британски премиер Борис Џонсон канадскиот колега Џастин Трудо во видеото во кое се гледа и слуша дека најверојатно тема на шегите е Трамп.

“Тој доцнеше затоа што имаше 40 минути подолга прес конференција од максимално договореното”, одговара Трудо.

Делот во кој што на истата тема зборува францускиот претседател Емануел Макрон не се слуша.