Францускиот претседател Емануел Макрон побарал од кинескиот колега Си Џинпинг да го убеди Владимир Путин да се врати на преговарачката маса.

„Претседателот на Франција бара од Кина да придонесе за испраќање пораки до претседателот Путин за да се избегне ескалација (на војната во Украина) со покана сериозно да се врати на преговарачката маса“, се додава во соопштението.

Макрон е во Индонезија, каде што во тек е самитот на лидерите на Групата 20 индустриски развиени земји и земји во развој (Г20).

Во разговорот со Макрон на маргините на Г-20, Си Џинпинг „даде поддршка за напорите за посредување во Европа“, особено францускиот претседател, и „многу силно го повтори своето противење за употребата на нуклеарно оружје“ од страна на Русите во Украина.

Францускиот претседател го повика својот кинески колега да ги здружи силите против војната во Украина, нагласувајќи дека „стабилноста“ во светот е и во интерес на Кина.