Успешно одбележување на 21-годишнината од Охридскиот договор со „Мировен фестивал“ на плоштадот Скендербег во Скопје.

Ова е оценката на владата за настанот кој чинеше сто илјади евра а на кој беше исвиркана водителката која проговори на македонски јазик.

Што мислат граѓаните за фалбата на владата најдобар показател е што за 16 часа Твитот на владата добил само четири лајка.

Ако се отворат профилите на тие што ставиле лајкови ќе се види дека всушност се работи за два лајка од кои еден е од профил кој споделува исклучиво постови на функционери на СДСМ а другиот е профил кој споделува постови на луѓе како Бранко Тричковски и други ,,ботови” на СДСМ.

Владиниот профил на Твитер одамна не добива многу лајкови иако има огромен број на следбеници (над 15 илјади) кои веќе не сакаат или се срамат да дадат поддршка за владата на Твитер која се смета за највлијателна социјална мрежа во политичката комуникација.