Македонското национално знаме со 16-кракото сонце од Кутлеш, како службено знаме на Македонците во Србија, е истакнато во Собранието на Војводина.
Државното знаме на Македонија до 1992 до 1995 година е поставено заедно со знамињата на другите етнички заедници организирани со национални совети во зградата на Собранието на српската покраина во Нови Сад.