Македонија благодарение на својата дијаспора викендов искористи шанса да биде презентирана во француското гратче « La Ferté Macé « Ла Ферте Масе во Нормандија, Реоублика Франција.
Тргнувајќи од потребата и желбата јазикот, културата, историјата, традицијата да се презентираат секогаш и секаде каде имаме прилика за тоа вчера, сабота 14 септември 2019 година Македонија беше презентирана на приватна забава во овој дел од Франција.
Како што јавува нашинката која долго време живее во Франција Сузана Сурловски – Георгиевска, по покана на домаќините македонските играорки Жоана Размоска, Емилија Пендовска и Ванеса Сурловска присуствуваа на Француско-Македонска венчавка на Елена и Пјер во градот Ла Ферте Масе » La Ferté Macé »
Трите млади Македонки облечени во македонски народни носии декорирани со “Сонцето од Кутлеш” дале свој придонес со збогатување и отварање на вечерта со неколку македонски ора и текстот прочитан на француски и македонски јазик во локалната општина на барање на домаќините.
Текстот за презентацијата на Македонија го пренесуваме интегрално:
Почитувани присутни, добредојдовте!
Ние сме многу среќни денеска, што сте добредојдени во градската Општина на Ла Ферте-Масе, во оваа прекрасна просторија за склучување на бракови.
Но, пред да се продолжи со оваа церемонија, сакавме да направиме мало запознавање на историјата на нашиот град Ла Ферте Масе но се разбира и на Македонија.
« La Ferté Macé « Ла Ферте Масе, е мал град со нешто повеќе од 6000 жители, и се наоѓа западно од департеман Орне во Нормандија. Тој е оформен уште во шеснаесетиот век со почетокот на неговата текстилна индустрија.
Но особено на крајот на деветнаесеттиот век доживува силна еволуција со ткаењето…
Тука е и производството на галоши со околу 250 вработени.
Овие индустрии придонесуваат за пристигнување на железничкиот собраќај, кои доведуваат до целосна еволуција на градот, продавници, трговски услуги, црква, Општина, училишта и т.н. Сите овие поголеми и помали индустрии и производители го направија градот како град на работничката класа.
Почитувани присутни, за нас Французите, нашиот прв пристап кон Македонија е во основното училиште со « Александар Велики », непобедливиот крал кој изградил убава империја во четвртиот век п.н.е.
Територијата која нема да преживее, но всушност, таа беше на неговиот татко Филип. Дел од таа територија е постоењето на денешната држава која го носи името Македонија. Со падот на Александар, земјата ќе претрпи големи падови, измени и разни влијанија, римски, грчки, турски, бугарски …..
Во 1903 година таа се обидува да се крене, но востаниците беа крваво задушени. Во 1912 година турската армија беше поразена од српската армија, бугарската, грчката и црногорската, а победниците потоа ја демонтираа Македонија на следниов начин : Грција анексираше 51% , Бугарија 12% , Србија 37% и еден мал дел денес е на Република Македонија. Двете Светски војни ќе донесат инвазии , пресврти и борба на македонско тло.
„Од април 1941 година до мај 1945 година војната резултираше со повеќе од 1 милион жртви. Сепак, тоа беше југословенскиот отпор што ја победи германската армија и нејзините италијански сојузници! Водена од победата на Отпорот, во 1945 година формирана е Сојузна Федеративна Република Југославија, составена од шест pепублики, една од нив е и Република Македонија.
По падот на комунизмот, во 1991 Македонија ја стекна својата независност, и покрај противењето на соседите, кои сеуште продолжуваат да вршат злонамерен притисок врз Македонија. Со тоа сакаат да ја ослабнат нејзината моќ, и еве повторно ние Европа го блокираме нејзиното приклучување.
Историјата на една држава, која е предмет на многу алчности, народ кој и во 2019 година сеуште мора да се бори за да ја зачува својата култура историја и идентитет.
Нејзината историја !!
Но сепак е опкружена со пријатели кои и посакуваат добро !
Ville de la Ferté-Macé https://lafertemace.fr/