„Македонско девојче“ му била омилена песна на Жбогар, па заигра оро во – БЈРМ?!

Амбасадорот на Европска унија во Македонија, Самуел Жбогар, откри што го поттикнало да се фати на оро на прославата на Денот на македонската независност пред „Школка“ во скопскиот Градски парк.

„Не можев да одолеам да се фатам на оро на мојата омилена песна ‘Македонско девојче’“, напиша Словенецот на Твитер покрај фотографијата под која стои „Бивша Југословенска Република Македонија“!