Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања вчера и денес одржа онлајн средба, но резултатот за постигнатото е „Нула“, оцени првиот човек на бугарскиот тим, Ангел Димитров.

Резултатите се нула. Резултати нема, вели Димитров за БГНЕС.

Тој ја обвини македонската страна од Комисијата дека не сака да прифати основна формулација на самиот Договор за пријателство и добрососедство, односно дека има заедничка историја.

„Разговаравме и за цар Самуил и повторно разговорите не вродија со плод. Заглавени сме во X-XI век. Се плашам дека и следната година ќе биде тешко да постигнеме напредок„, коментира проф. Димитров.

Исцрпна дискусија вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка, соопшти македонското Министерство за надворешни работи по дводневната онлајн,

На февруари 2022 година е закажана 17. седница на комисијата, а во текот на целата наредна година Мешовитата комисија ќе има вкупно 5 состаноци.