Минатата година, Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, бројка што е за 20 отсто помала во споредба со туристите во 2018 кога имало 1.187 000, според официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на приходите за Грција од туристите од Македонија, лани достигнале до 114 милиони евра, за 26,3 отсто помалку во споредба со 2018 година. Просечниот трошок по лице е 121 евро, а просечниот трошок по ноќевање, 48 евра.

Во изминатите осум години, најмногу гости од Македонија во Грција имало во 2015 година, 3.018.363, а најмалку лани кога за прв пат бројката е под еден милион.